Барселона уште во јануари би можела да го ангажира дефанзивецот на Атлетик Билбао, Ињиго Мартинез, пренесува „Мундо Депортиво“. Одлуката на Жерар Пике да се пензионира среде сезона не го изненади каталонскиот клуб, кој подолг период преговараше со шпанскиот репрезентативец.
Ињиго Мартинез има договор со Атлетик Билбао до летото 2023 година, а Каталонците ќе се обидат да го доведат и во јануари, доколку на тоа се сложи неговиот сегашен клуб.
Ињиго Мартинез дојде во Атлетик Билбао во јануари 2018 година. Сезонава одигра осум натпревари за шпанскиот клуб и нема постигнато гол.