Селекторот на фудбалската репрезентација на Костарика, Луис Фернандо Суарез го објави конечниот список од 26 играчи кои ќе ги предводи на Светското првенство во Катар (20 ноември – 18 декември).

Прво име на репрезентацијата и натаму е 35-годишниот голман на ПСЖ, Кејлор Навас, кому ова ќе му биде трето учество на Мундијалите, а покрај него и на дефанзивецот Оскар Дуарте, играчите од средниот ред Селсо Борхес, Брајан Руиз и Елцин Техада и напаѓачот Џоел Кембел.

Навас беше одличен во Бразил во 2014 година, кога Костарика стигна до четвртфиналето пред се благодарение на неговите одбрани и го обезбеди неговиот трансфер во Реал Мадрид.

Ова ќе биде шести настап за Костарика на светските првенства, таа дебитираше во Италија во 1990 година, а во 21 век освои пет од шест можни светски првенства. Таа го пропушти СП во ЈАР само во 2010 година, додека ова ќе и биде трето последователно учество.
Од сите 32 репрезентации кои ќе настапат на овој Мундијал, последна се пласираше Костарика, која на 14 јуни го совлада Нов Зеланд во интерконтиненталните квалификации.

Костарика на СП ќе игра во групата Е, првиот меч ќе го има против Шпанија на 23 ноември, по што следи натпреварсо Јапонија на 27 ноември, додека во последното коло ќе игра против Германија на 1 декември.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КОСТА РИКА:

ГОЛМАН: Кејлор Навас (ПСЖ), Естебан Алварадо (Хередијано), Патрик Секеира (Луго)

ОДБРАНА: Кејшер Фулер (Хередијано), Оскар Дуарте (Ал Вехда), Хуан Пабло Варгас (Милонариос), Кендал Вастон (Саприса), Брајан Овиедо (Реал Солт Лејк), Карлос Мартинез (Сан Карлос), Франциско Калво (Коњаспор), Роналд Матарита (Синсинати), Даниел Чакон (Колорадо Рапидс)

СРЕДИНА: Селсо Борхес (Алахуленсе), Елцин Техеда (Хередијано), Брајан Руиз (Алахуеленсе), Ентони Хернандез (Пунтаренас), Брендон Агилера (Нотингем Форест), Џевисон Бенет (Сандерленд), Јустин Салас (Саприса), Роан Вилсон (Гресиа) , Даглас Лопез (Хередијано), Алваро Замора (Саприса), Герсон Торес (Хередијано)

НАПАД: Џоел Кемпбел (Леон), Јохан Венегас (Алахуелсе), Ентони Контрерас (Хередијано)