Екипата на Барселона под водство на Германецот сезонава постигна 139 гола на 45 натпревари, а дури на 35 од нив успеаја да постигнат по најмалку четири голови. Треба да се напомене дека фудбалерите на Барса сезонава имаат и дури 25 удари во рамката на голот. Досега ваков ефект немал ниту еден тренер во историјата на „каталонците“.

 

Остануваат уште девет кола до крајот на Ла Лига, а Барселона има три бода предност пред најголемиот ривал Реал Мадрид и шест повеќе од Атлетико Мадрид. „Каталонците“ наредниот дуел повторно го играат на домашен терен, кога на „Монжуик“ го пречекуваат тимот на Бетис, а претходно имаат реванш против Атлетико Мадрид во Купот на Шпанија.