Саутемптон славеше убедлив триумф (4-1) против Брентфорд во 18.коло од Премиер – лигата. Јан Беднарек во петтата минута донесе водство за домаќинот, но Витали Џанелт израмни.
Сепак, Саутемптон на одморот замина со предност со автоголот на Алваро Фернандез.
Во вториот дел, Армандо Броја и Че Адамс се погрижија за убедлива победа на „светците“.