Од денеска до крајот на месецот, за кога е предвиден крај на вонредната состојба предизвикана од пандемијата со Ковид-19, на италијанска територија ќе може да се влезе во европски сертификат за вакцинација, со потврда за прележана болест или со прикажување негативен ПЦР или антигенски тест.
„Од овие обврски на граница се ослободени децата до шест години, а при влез во земјата задолжително треба да се приложи и дигиталниот формулар за лоцирање патници односно ПЛФ-формулар“, соопшти италијанската амбасада.
Гостувањето на Македонија во Палермо е предвидено за 24 март, а победникот од овој дуел ќе се сретне со победникот помеѓу Португалија и Турција.