Легендарниот фудбалер на Англија и Манчестер Јунаајтед, Дејвид Бекам заедно со сопругата Викторија приредија божиќна забава, на која присуствуваа сите членови на нивното потесно семејство.
Бекам утрото по забавата објави фотографија на Инстаграм со сопругата и децата, но фановите почнаа да го исмеваат на социјалните мрежи поради еден детал кој на многумина им падна во очи.
Имено, на фотографијата се гледа како Бекам стои на прстите за да не биде понизок од синовите Ромео и Бруклин.
Тој детал веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Бекам и Викторија се во брак повеќе од 20 години. Тие ги имаат синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер Севен.