Фудбалерот на Интер, Един Џеко е жива легенда на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина.
Сарајлијата во националниот дрес настапува од 2007 година и досега на 118 натпревари постигнал 60 голови.
Ова го прави најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата и играч со најмногу настапи.
Е сега има еден интересен детал што можел се да промени и овие рекорди немаше да бидат позади неговото име. Един Џеко настапуваше во Чешка за Теплице и имал понуда да стане репрезентативец на таа земја?
Капитенот на БиХ додека настапуваше во Чешка беше забележан од луѓето кои ја водеа селекцијата У-21 на Чешка и му понудија државјанство и настап за нивната репрезентација.
Тогаш Џеко доби седум дена да одлучи и да се изјасни по ова прашање, но проблемот беше што тој ќе мора да се откаже од државјанството на Босна и Херцеговина, со оглед на тоа што нема опција да има двојно државјанство.
Размислил и истакнал дека ја преживеал војната во Сараево и дека би му било тешко да се откаже од државјанството на својата земја. Па така не го облекол дресот на чешката репрезентациј и стана ова што е сега.
Со репрезентацијата на Босна и Херцеговина играше на Светското првенство во Бразил, а освои две национални првенства во Германија и Англија, а на добар пат е истото да го направи и во Италија со Интер.