Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) соопшти дека на Русија и се одзема организацијата на Светското првенство за мажи поради ситуацијата во Украина.
Светското првенство во одбојка требаше да се одржи во Русија во август и септември 2022 година, но поради војната во Украина, Светската одбојкарска куќа објави дека турнирот ќе биде преместен од Русија.
„Управниот одбор на ФИВБ дојде до заклучок дека ќе биде невозможно да се организира Светското првенство во Русија. Затоа беше одлучено да се одземе домаќинството“, се вели во соопштението на ФИВБ.
Новиот организатор ќе биде објавен подоцна.
Титулата, инаку, ја брани Полска, која ја освои шампионската титула во 2018 година, кога во финалето го совлада Бразил со 3-0 во сетови.