Според англиските медиуми, чувството е обострано, бидејќи и Португалецот сака да си замине и да се пресели во Париз во таборот на ПСЖ. „Ѓаволите“ сериозно сакаат да го подмладат тимот, а во тој правец е и нивната најголема желба за наследник на Роналдо, а тоа е Виктор Осимен од Наполи.
Наполитанците ќе се обидат да одолеат со цената, барајќи најмалку 90 милиони евра за него, со оглед дека во него вложија 70 милиони евра, плус бонуси купувајќи го од Лил. Осимен сезонава постигна 11 гола на 22 меча и јасно е дека би сакал да се пресели на Островот. Во Наполи заработува 4,5 милиони евра, а на „Олд Трафорд“ сигурно би добил двојно повеќе.