Екипите на Селтик и Глазгов Ренџерс играа во вечното дерби на 21. коло од шкотската Премиер лига, а поуспешен на крајот беше Селтик, кој славеше со минимални 2-1 (1-0).
Првото полувреме мина во знакот на лидерот на табелата. Селтик имаше повеќе од играта и со повремени атаци правеше обиди да дојде до водство. Тоа му успеа во 25. минута, кога Португалецот Пауло Бернардо по една одбиена топка од корнер со прецизен удар ја затресе противничката мрежа. Минималната предност домаќините ја задржаа и на полувремето (1-0).
Глазгов Ренџерс се обиде да направи сензација, но сепак домаќините не дозволија и конечниот резултат остана 2-1. Селтик сега има 51 бод, додека Ренџерс е на 43 бодови, но и два натпревари помалку во однос на големиот градски ривал.