Десното крило на Мидлзброу, Изаја Џонс се посрамоти во натпреварот од 25. коло на Чемпионшип против Хадерсфилд.

Цела Англија се чуди како не постигна гол, откако успешно го издрибла и домашниот голман. Џонс дојде на неколку метри пред гол-линијата, меѓутоа кога само требаше да ја смести топката во мрежата – ја промаши.

За среќа Мидлзброу славеше со 2-1 во второлигашкото дерби, па промашувањето на Џонс не го чинеше многу тимот.