Само три дена откако испиша историја со пласманот во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите, совладувајќи го големиот Јувентус на негов терен со 0:3, тимот на Виљареал прописно се избрука во домашната Примера. Загуби од тимот на Кадиз на гостински терен со минимални 1:0.
Ова и не би било така страшно ако се знае дека Кадиз е тим кој сезонава од петни жили се обидува да не испадне во Сегунда и има во моментов 27. бодови. Големиот триумф за овој тим го донесе Рубен Собрино во 90. минута од мечот.
Вториот дуел од попладневната програма во Примера помеѓу Селта и Бетис заврши 0:0.