Рахим Стерлинг се чини ќе биде првото летно засилување за Челси, па сега Томас Тухел се фокусира на освежување и на средниот ред.
Според англиските медиуми, прв на листата на желби на менаџерот на „сините“ е Матеуш Нунеш од Спортинг Лисабон. Се работи за 23-годишен играч за врска, кој веќе има и осум настапи за португалската репрезентација.
Тој е роден Бразилец, но уште како дете се преселил во Португалија. Минатата сезона одигра дури 50 натпревари за „зелено-белите“ во сите конкуренции со постигнати четири голови и пет асистенции.
Неговата моментална цена на трансфер-пазарот изнесува 35 милиони евра, но Челси подготвува понуда од 50 милиони за да го убеди Спортинг на продажба. За Нунеш летово интерес покажа и Вулверхемптон и Манчестер сити.