Германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен стигна и до шестата победа во групната фаза од Лига Европа и со максимален ефект го заокружи овој циклус. Тимот на Чаби Алонсо славеше против Молде со 5-1. Патрик Шик, Тапсоба, Хлозек и Мбамба беа стрелци на головите за домаќинот, а Елингсен си постигна и автогол.
Ливерпул го освои првото место со 12 бода, но го доживеа и вториот пораз во групата, на гости против Ројал Унион Сен Жилоа со 2-1. Амура и Пуертас погодија за домашниот тим, а Кансах беше стрелец за Ливерпул.
Рома со 3-0 го победи Шериф Тираспол и го освои второто место во групата Г. Стрелци на головите беа Лукаку, Белоти и Фисили. Првата позиција и припадна на Славија Прага која со 4-0 го декласира Сервет и на крајот заврши со 15 бода.
Карабах го победи Хекн со 2-1, а Макаби Хаифа со 1-2 славеше против Панатинаикос.