Најзаслужни за новиот триумф беа Килијан Мбапе и Марко Асенсио кои постигнаа по еден гол и си поделија по една асистенција. Мбапе можеше да биде и поефикасен, но на почетокот од натпреварот не искористи пенал.
Пари Сен Жермен ја оствари 14. победа во шампионатот, сега „светците“ имаат девет бода предност пред Ница, но и еден одигран натпревар повеќе.
Килијан Мбапе во шестата минута не реализира пенал, но го надомести тоа со голот во 31.минута.
Дилан Баква во 68. минута ја врати неизвесноста откако го намали водството на ПСЖ, но во финишот од мечот Стразбур, сепак, не успеа да дојде барем до бод.