Повремениот македонски репрезентативец Дејан Илиев овој преоден рок и дефинитивно го напушта англискиот премиерлигаш Арсенал. По девет години поминато во лондонскиот клуб, а шест месеци пред истекот на договорот, тој се збогуваше преку социјалните мрежи.
„Пред една деценија дојдов како дете, а сега заминувам како маж. Ова е местото што го нарекувам дом, во кој се луѓето кои го сметам за семејство. Им благодарам на луѓето од Арсенал за добиената шанса и за дадената поддршка. Ми беше чест да работам со најдобриот стручен штаб и со најдобрите соиграчи. Еднаш ‘топчија’, засекогаш ‘топчија’“, напиша Илиев.
Дени Илиев беше трет голман на „топчиите“ и седеше на клупата во финалето во Баку во Лига Европа во 2019 година, каде што Арсенал загуби од Челси.