Роналдо се извини преку социјалните мрежи, откако мајката ги објави деталите од инцидентот на „Гудисон парк“, но тоа нема да го спаси Португалецот.
Полицијата почнала истрага за целиот случај на „Гудисон парк“, по што ќе биде побарана изјава од Роналдо, а засега не е познато дали мајката ќе поднесе тужба против португалскиот фудбалер, иако има шпекулации за такво нешто.