Ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина беше блиску до најголемата сензација на Европското првенство кое се игра во Унгарија и Словачка.
Во салата во Братислава „змејовите“ во поголемиот дел од натпреварот имаа предност против фаворизираната селекција на Шпанија, но на крајот сепак загубија – 28:24 (12:14).
На полувреме Босна и Херцеговина имаше +2 (14:12), а во вториот дел имаше три гола разлика во еден момент (20:17) .
Тоа беше на 15-тина минути пред крајот, но потоа серијата 8:2 на „црвената фурија“ почна и во тој стил го заврши натпреварот, со што беше зачуван максималниот ефект.
БиХ натпреварувањето го завршува без ниту еден бод, со сите три порази, додека од 20.30 часот директниот дуел меѓу Шведска и Чешка ќе решава вториот учесник во втората фаза од групата Е.
Сензација немаше на тој дуел, но ја иммаше во Дебрецен, каде Црна Гора ја изненади Словенија и ја елиминира од понатамошното натпреварување со триумф со резултат 33:32 (16:19).
Словенците имаа четири гола разлика во вториот дел, „соколите“ стигнаа успеаа да ги стигнат и првпат поведоа во последните две минути, а до триумф дојдоа практично во последниот напад.
Бранко Вујовиќ беше одличен со девет гола, а Немања Грбовиќ постигна седум.
Во словенечкиот тим Доленец и Кодрин имаа по шест гола.