Баерн Минхен во зимскиот преоден рок се обидуваше да го ангажира Роналд Араухо од екипата на Барселона, за кого биле подготвени да платат 80 милиони евра, но зделката неочекувано пропаднала.
Главен виновник што дефанзивецот не завршил на „Алианц Арена“ бил тренерот Чави, кој се заканил со оставка. Тој не сакал да слушне за продажба на фудбалерот од одбраната, и дека веднаш ќе си замине доколку управата ја прифати понудата на Баварците. „Каталонците“ го послушале тренерот, но кратко по ваквиот развој на настаните, Чави реши да ја напушти Барселона и најави повлекување од кормилото по крајот на сезоната.
Раководството на Баерн Минхен по неуспешниот обид се реши за ангажман на Ерик Даер, кој доби договор до крајот на сезоната, со опција соработката да биде продолжена до јуни 2025 година.