Поранешниот фудбалер на Ајакс и на Лудогорец, Џоди Лукоки, е пронајден мртов. Засега не се познати причините за смртта на 29 – годишниот Лукоки кој до јануари беше член на Твенте.
„Тоа е неверојатно, толку младо момче. Ова е ужасно и страшно. Сочувство до семејството и пријателите“, изјави техничкиот директор на Твенте.
Фудбалерот ја почна кариерата во Ајакс и освои три шампионски титули, а потоа играше и за Камбур, Лудогорец, Малатијаспор и за Твенте.