Поранешниот фудбалер и млад репрезентативец на Словенија, Роберт Певец брутално ја претепал неговата сопруга, која починала од ударите кои ги добила, а информацијата ја потврди словенечката полиција.
Полицијата потврди дека се случило убиство поради кое морале да излезат на терен заедно со екипа на брзата помош, но немало спас за жената.
Бившиот фудбалер се наоѓа во 48-часовен притвор, а потоа ќе биде изнесен пред истражен судија, кој треба да донесе одлука за неговата иднина.
Певец и неговата сопруга биле во брак од 2019 година, а имаат и две заеднички деца, кои биле сведоци на грозоморното убиство.