Лео Меси е со години прва ѕвезда на светскиот фудбал. Веројатно еден од најдобрите ако не и најдобар во историјата. Важи за релативно мирен, тивок играч на теренот, ретко кога можете да го видите да се изнервира или да покаже негативна емоција.

Но затоа деновиве може да се види на интернет како тој мирен Меси пред финалето на Копа Америка, пред мечот со Бразил, ги мотивира своите соиграчи.

Страшно емотивен говор кој помогна Аргентина среде Рио де Жанеиро да победи со 1:0 и да го освои пехарот.