Кралскиот клуб, Реал Мадрид ја декласира Џирона со 4-0 на „Сантијаго Бернабеу“ и создаде пет бода предност на врвот на табелата во Ла Лига пред каталонската сензација. Џирона доби лекција од составот на Карло Анчелоти дека не е дорасната да се трка со „кралевите“ за шампионската титула.
Реал да дојде до предност по шест минути игра. Винициус Жуниор изведе велемајсторски потег, од преку 25 метри испрати проектил во гостинската мрежа за 1-0. Во 35. минута „кралевите“ дојдоа до вториот гол. Џуд Белингем на асистенција од Винисиус, излезе сам пред голот, го издрибла голманот Газанига и погоди во празната мрежа.
Во последната минута беше досуден пенал над Арда Ѓулер, но Хоселу ја погоди стативата.