Фудбалерите на Баер Леверкузен го совладаа големиот ривал и актуелен германски првак Баерн Минхен со 3-0 во 21. коло од Бундеслигата и со тоа му побегнаа на конкурентот во трката за титулата.
Избраниците на Чаби Алонсо оваа сезона играат извонредно, а првиот гол против Баерн го постигнаа во 10. минута преку Станишиќ кој е позајмен од Баерн.
Грималдо беше стрелец на вториот гол на натпреварот во 50. минута, додека победата ја запечати Фримпонг во судиското надополнување.
Чаби Алонсо и неговиот Баер Леверкузен не престануваат со чудесните партии во Бундеслигата, и цврсто чекорат кон титулата во Бундес лига.
Баер Леверкузен е прв на табелата со 55 бодови, односно пет повеќе од Баерн Минхен.