Жирона поведе со голот од пенал на украинецот Довбик во 36. минута, но во судиското продолжение од првото полувреме Вилијан Хозе изедначи на 1-1.
Во 65. минута Довбик постигна нов гол, овојпат носи водство од 2-1, но десет минути подоцна повторно Вилијан Хозе изедначува на 2-2.
Се чинеше дека натпреварот ќе заврши нерешено, но уругвајскиот ветеран Стуани во 92. минута донесе победа за Жирона од 3-2. Бетис немаше време за трето изедначување.