Британски Тајмс пишува дека актуелниот европски првак Челзи би можел да пропадне доколку англиската влада одлучи да воведе санкции против сопственикот на клубот Роман Абрамович.
Премиерот Борис Џонсон е под зголемен притисок од министри и водечки парламентарни претставници да го заплени или замрзне британскиот имот на Абрамович како одговор на руската инвазија на Украина.
Киран Мегваер, предавач по фудбалски финансии на Универзитетот во Ливерпул, предупреди дека Абрамович, на кого клубот му должи 1,5 милијарди фунти, може да ја искористи комплицираната природа на неговата сопственост над Челзи за да ја одбие заканата од владини санкции. Но, Мегваер додава дека ако владата го удри Абрамович, Челзи може дури и да биде затворен.
Абрамович го стекна своето богатство продавајќи државен недвижен имот пред распадот на Советскиот Сојуз. Тој го купи фудбалскиот клуб Челзи во 2003 година. Тој тогаш беше просечен англиски премиерлигаш, а Абрамович го направи еден од најуспешните фудбалски клубови во 21 век.
Има голем притисок врз Абрамович, пишува Дејли Мејл дека е можно наскоро рускиот олигарх да започне со процесот на продажба на Челзи, а за тоа пишува Блумберг.