Кристијан Ериксен повторно игра фудбал. Данскиот интернационалец го одигра првиот официјален натпревар по колабирањето на Европското првенство.
Ериксен влезе во игра во 52. минута на натпреварот помеѓу Брентфорд и Њукасл, со стоечки овации од сите навивачи на трибините. Данецот е на теренот 259 дена откако доживеа срцев удар.
„Ако го исклучиме резултатот, јас сум среќен човек. Со оглед на сето она низ кое поминав, ова е фантастично чувство. Брентфорд добро се грижи за мене“, изјави Ериксен.