Во Шпанија денеска одекна веста дека Барселона постигнала договор со капитенот на Валенсија, Карлос Солер. Сепак, Валенсија официјално ја демантираше оваа информација.

Шпанскиот спортски дневник„АС“ објави дека Барселона решила да го продаде Френки де Јонг во летниот преоден рок, а наместо него на „Камп Ноу“ ќе пристигне Карлос Солер за само 20 милиони евра.

Сепак, Валенсија веднаш го демантираше тоа, преку соопштение за медиумите.