Италијанскиот десен бек Кристијан Пичини наскоро ќе стане нов играч на Црвена звезда.
Според информациите со кои располагаат српските медиуми се е решено, останува само да се средат документите и да се официјализира трансферот .
Пичини ќе потпише договор до 2024 година.
Италијанецот пристигнува како слободен играч, откако ја напушти Валенсија.
Пред Валенсија ги носеше дресовите на Фиорентина, Специја, Ливорно, Бетис, Спортинг и Аталанта.
Пичини во Валенсија имал плата од 1,2 милиони евра, додека во Звезда ќе заработува 600.000 евра.