Станува збор за т.н. старлета родена во Скопје, чиј татко е Македонец, а мајка Бугарка, за која новинарите од Истокот ја споменуваат како манекенка од Пловдив на чија убавина не останал имун фудбалерот на Барселона. Таа влезе во светот на познатите со разголените фотографии на социјалните мрежи и провокативните изјави во таблоидите.
„Нормално дека се познавам со Пике, имаме и заеднички фотографии, тоа е нешто кое не можам да го демантирам. Но, за сите други детали, за сето она кое деновиве ја бранува јавноста, не смеам да зборувам сега. Приказната за нас е доста актуелна во Бугарија, но јас ниту би потврдила, ниту би демантирала во овој период“, изјави македонско-бугарската манекенка за „Фокус“.
Спасовска и пред три години беше во центарот на вниманието поради „блиски контакти“ со познат фудбалер, но тогаш тоа беше Бразилецот Роналдињо.