Скај Спорт пренесува дека Баерн Минхен ја подобрил понудата за Мане и со тоа ги исполнил барањата поставени од Ливерпул.
Баварците за Сенегалецот ќе платат 50 милиони евра, договорот е веќе готов, па очекуваме наскоро да се официјализираат и успешните преговори.
Мане на тој начин ќе го напуштат Ливерпул по шест многу успешни сезони и неколку освоени трофеи.
Договорот на Сенегалецот истекуваше на крајот на следната сезона, 50 милиони можеби за некого се премногу за 30-годишниот играч, но јасно е дека Мане има барем уште 3-4 врвни сезони во него.