Она што синоќа беше најавено, денеска доби официјална потврда: Емил Рајковиќ официјално е назначен за нов тренер на ЦСКА.
Трофејниот македонски стручњак потпиша договор на 1+1 сезона, а ангажманот во рускиот гигант е убедливо најголем успех на еден македонски тренер во историјата. До него Рајковиќ дојде апсолутно заслужено ако се има предвид неговата тренерска кариера и досегашните успеси.
Рајковиќ во ЦСКА оди од екипата на Автодор Саратов која минатата сезона ја водеше со огромен успех, но суспензијата на руските клубови во ФИБА натпреварувањата го спречи да ја заврши кампањата со трофеј.