Патрик Мекинро, поранешниот американски тенисер, ги коментираше инјекциите кои ги зема Рафаел Надал.
Надал неодамна ја освои 14-та титула на Ролан Гарос со помош на инјекциите што ги доби за да го умртви повреденото стапало.
Познатиот Американец зборуваше за лековите на Рафа и теориите на заговор.
,,Надал продолжува да победува.Не знам како го прави тоа, вели дека пие лекови против болки.Не сум доктор и незнам за што се работи.Сега во светот на тенисот се појавуваат теоретичари на заговор. Постои теорија дека Надал се допингува, дека зема некакви недозволени супстанци“, рече Мекинро и продолжи.
„Постојано тестирајте го на сите големи турнири и анализирајте што точно вбризгува во стапалото, но мислам дека тоа е само нешто против болка. Повторувам, не сум доктор и незнам точно што е тоа, но ако тоа беше нешто нелегално, мислам дека одамна би го фатиле“.