Калин Ивановски продолжи со победи на тениските турнири во 2023 година. Убедливо со 2-0 во сетови го победи францускиот тенисер Пол Инчауспе и обезбеди пласман во осминафинале на ИТФ турнирот во Тулуз, Франција.
Македонскиот тенисер може да се каже рутински ја доби пресметката, првиот сет го освои со 6-2, вториот со 6-4 и со тоа се избори за место во следната рунда.
Во наредната рунда Ивановски ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Наполитано (Италија) и Венделкен (Британија).