Фудбалската репрезентација на Шпанија се подготвува за натпреварите од мартовскиотдел од квалификациите за ЕП следната година. Напнатост помеѓу фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид по меѓусебната пресметка изминатиот викенд се чувствува дури и на тренинзите на репрезентацијата. Затоа играчите на двете екипи тренираат во посебни групи, со цел да се избегнат тензии ситуации.
Од екипата на Барселона во шпанската репрезентација се повикани Гави и Алехандро Балде, додека од Реал Мадрид се Дани Карвахал, Начо и Дани Себаљос.
Квалификациите за Европското првенство репрезентацијата на Шпанија ги стартува со домашен дуел против Норвешка, а потоа гостува во Шведска.