Најдобриот светски играч Лионел Меси зборуваше за L’Equipe за своите почетоци во Барселона и го посочи Тиери Анри како играч на кој најмногу му се восхитува во соблекувалната.
Аргентинецот дебитираше за Барселона на само 17 години и три месеци, кога во октомври 2004 година учествуваше во првенствената победа над Еспањол на гостински терен. Веќе во тоа време тој најде неколку легенди во клубот, но најмногу беше фасциниран од Анри, кој во клубот пристигна во летото 2007 година од Арсенал.
“Ги почитував сите големи шампиони кои беа таму. Од Роналдињо, преку Ето, Пујол, а да не ги спомнуваме Чави и Иниеста, кои се уште беа млади. Но, имаше еден играч покрај кого треперев. Тоа беше Анри”, изјави Меси. .
Фудбалерот на ПСЖ ја следеше кариерата на Анри и ги следеше неговите натпревари за Арсенал. Тој се восхитувал на неговата игра и поради тоа бил срамежлив кон Французинот.
“Знаев сè за него, што правеше во Англија и одеднаш бевме во тимот заедно. Чувствував и сè уште чувствувам некој вид восхит кон него. Првиот ден кога пристигна во соблекувалната не се осмелив да го погледнам во очи. Неговиот начин на игра, едноставноста. Тој имаше способност да ги прави тешките работи на лесен начин“, рече Меси.