Шпанскиот стратег Чаби Алонсо и неговиот Баер Леверкузен очигледно немаат намера да закочатт и запишаа уште една победа во германската Бундеслига. „Фармацевтите“ рутински го совладаа Волфсбург со 2-0 во мечот оф 25. коло и ја продолжија неверојатна серија без пораз, итајќи кон првата историска титула за клубот.

https://twitter.com/i/status/1766904200460435884 https://twitter.com/i/status/1766923003818889284

По еден гол во двете полувремиња беа доволни за триумфот, а во листата на стрелците се запишаа Натан Тела и Флориан Вирц, кој го постигна својот шести сезонски погодок. Вреди да се напомене дека гостите имаа играч помалку уште од 28. минута, кога втор жолт картон заработи Мориц Јенц, а Леверкузен потоа максимално ја искористи бројчаната предност на теренот и ја врати предноста од седум бода пред Баерн Минех, но има и натпревар помалку.

Тренерот Алонсо со голема насмевка на лицето го напушти теренот по завршување на мечот и беше презадоволен од изданието на своите играчи кои донесоа уште една радост за своите навивачи. Во следното коло „фармацевтите“ ќе имаат тешко гостување во Фрајбург.

На останатите натпревари, Ајнтрахт Франкфурт славеше сигурна победа со 3-1 над Хофенхајм, додека Фрајбург се избори за гостински триумф кај Бохум со 1-2.