Според информациите на „Кориере дело Спорт“, Наполи по ниту една цена не го дава Елмас, иако зимава имаше најави за „астрономски понуди“ од Борусија Дортмунд и Лидс за македонскиот репрезентативец, па затоа Аурелио де Лаурентис сега подготвил нов договор за него и за Оунас, вториот млад фудбалер кој е голема иднина на Наполи за да ги задржи на „Диего Марадона“ и по 2025 година.
Според ова, Елмас и Оунас ќе добијат уште поголема плата, а со нив треба да почне изградбата на „новиот Наполи“ во пост-ерата на Лоренцо Инсиње и Дрес Мертенс со тоа што главни играчи би требало да биде младата гарда во моментов. Елмас во Наполи дојде во летото 2019 година од Фенербахче за 16 милиони евра и веќе еднаш го продолжи договорот до 2025 година, а заработува 1,5 милиони евра годишно.
Со новата соработка, која италијанскиот весник ја најавува, би требало Наполи да се осигура и во откупната клаузула, односно да не може никој да ги купи за помалку од сто милиони евра.
Елмас во моментов според фудбалската оперваторија „ЦИЕС“ е проценет на 75 милиони евра и е еден од десетте највредни фудбалери во Калчото.