Италијанскиот тенисер Лоренцо Музети го изненади Тејлор Фриц во четвртфиналето на Вимблдон и во битка за финале ќе игра против еден од најдобрите играчи во историјата, Новак Ѓоковиќ.
Музети го загуби првиот сет со 3-6, но во следните два славеше со 7-6 и 6-2. Американецот не се предаваше и израмни на 2-2 во сетови откако во четвртиот беше подобар со 6-3.
Последниот сет помина во знакот на Музети, кој доминираше и му дозволи на Фриц да освои само еден гем (6-1).
Музети во полуфинале ќе се соочи против Ѓоковиќ со кој досега се сретна шест пати, при што загуби пет пати, а победи само еднаш.