Невидена драма гледавме на мечот Медведев-Алиасим во четвртфиналето на Австралија Опен, а рускиот тенисер направи интересен потег со кој зачуди многумина.

Иако Канаѓанецот го имаше скоро добиено натпреварот, Данил успеа да се извлече и обезбеди пласман во полуфиналето.

Токму во тие моменти, кога губеше со 0:2 во сетови, Медведев се обиде да направи нешто крајно неочекувано, веројатно во желба да го збуни противникот кој беше неверојатен на овој меч.