Познатиот аргентински тенисер Хуан Мартин дел Потро најави дека ќе се повлече од тенисот по завршувањето на турнирот во Буенос Аирес, на кој се пријави на почетокот на неделава.
Дел Потро не беше на теренот во претходните три години поради повреда, а добрата вест која ја објави на почетокот на неделата веќе не може да се окарактеризира како враќање.
Можеби е повеќе простување отколку враќање“, изјави еден од најдобрите тенисери во светот.
Откри дека болката во коленото му била како ноќна мора и дека не ни сонувал да ја заврши кариерата на 33 години.
„Нема подобар турнир за повлекување од овој. Сакам да живеам како нормален човек, без болка“, изјави финалистот на УС Опен во 2018 година.
Турнирот од серијата 250 во главниот град на Аргентина ќе се игра во текот на следната недела, што значи дека следниот викенд дефинитивно ќе биде последен во кариерата на Дел Потро.