Американската тенисерка Медисон Кис се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен.
Кис имаше лесна работа против Барбора Крејчикова од Чешка.
Таа ја победи четвртата тенисерка во светот по два одиграни сета – 6:3, 6:2.
Сè можеше да оди на другата страна на почетокот на мечот, кога Кис неутрализираше вкупно пет брејк топки во првите два сервис-гема и не искористи две.
Таа направи брејк во шестиот гем и поведе со 4:2, што и беше доволно да го освои првиот сет.
Во вториот направи два брзи брејка и дојде до 3:0, но Крејчикова врати еден и имаше шанса да се врати во сетот и мечот.
Кис не и дозволи да го направи тоа,го одржа брејкот и направи нов, па мечот беше решен.
Нејзината противничка во полуфиналето ќе биде подобрата од мечот Ешли Барти – Џесика Пегула.