Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одигра спектакуларен натпревар и со победа над Лоренцо Мусети (6-4, 6-2) се пласира во финалето на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз, Франција. Иако играше со повредено колено храбриот Ноле не сакаше да го предаде мечот па со надчовечки сили успеа да стигне до голем триумф над италијанецот Мусети.
Со оваа победа Новак Ѓоковиќ освои медал, го подобри рекордот на ЛОИ, а во финалето ќе игра за златото против Карлос Алкараз од Шпанија.
Полуфиналето беше непремостлива пречка за Новак Ѓоковиќ на Олимписките игри, но во својот четврти обид успеа да стигне до прво финале на најважното спортско натпреварување.
Ноле го доби првиот сет со брејк во клучен момент за 6:4, а потоа вториот сет беше отворен на навистина необичен начин. Двајцата тенисери ги губеа своите сервиси и видовме четири брејка, но потоа тој тренд го задржа само Ноле кој со уште два брејка стигна до победа од 6:2.
За Србинот ова е прво финале на Олимписките игри, а во недела ќе се бори за прво и историско злато во тениски спектакл со Карлос Алкарас.