Селекцијата на Бразил ги задржа шансите за пласман во топ-8 по директниот дуел во кошарка за третото место во својата група против Јапонија со 102-84.
Дуелот го одбележаа Бруно Кабокло и „пресметката“ во шутирање тројки имајќи предвид дека двете репрезентации упатија вкупно 69 удари од далечина. Бразилците погодија 17, а Јапонците 16 со тоа што „кариоките“ во првото полувреме имаа 12/14 од дистанца.
Бразил постојано беше во предност, но Јапонија не се предаваше до почетокот на последната четвртина и по 30 минути игра беше на само четири поени заостанување (77-73). Сепак, последната четвртина им припадна на „кариоките“ со 25-11 и поради одличната кош-разлика се уште има шанси да биде една од двете најдобри третопласирани репрезентации на олимпискиот кошаркарски турнир.
Бруно Кабокло го одигра најдобриот натпревар во кариерата, постигнувајќи 33 поени и 17 скока за индекс 43. Џош Хоукинсон ги предводеше Јапонците со 26 поени и 10 скока, но во тимот ја немаше првата ѕвезда Руи Хачимура кој поради повреда го пропушти мечот.