Кошаркарската репрезентација на Канада со 88-85 ја победи Шпанија. Со тоа европскиот шампион е елиминиран од Олимписките игри во Париз, заврши на последното место во групата.
Натпреварот почна израмнето, по првите десет минути беше нерешено 19-19, но победникот беше решен во вториот период кој Канада го доби со 30-19.
Во второто полувреме Шпанија ја топеше полека предноста на Канада, мечот влезе во неизвесна завршница, но Шпанците не успеаа да го свртат натпреварот и да победат. Конечниот резултат беше 88-85 за Канада.
Канада како прва од групата оди понатаму, Австралија е втора и тие одат во следната фаза, а веројатно место ќе има и за Грција, но Грците ќе го чекаат расплетот на позициите за третото место.