Австралискиот тенисер Ник Кирјос изјави дека би сакал Новак Ѓоковиќ да го освои Австралија опен, поради начинот на кој австралиските власти се однесуваат кон Ѓоковиќ.
Од почетокот на случајот „Ѓоковиќ“, Кирјос ги критикуваше одлуките на федералните власти, откако Новак заврши во имиграциски притвор.
„Тој министер Алекс Хок вели дека Новак Ѓоковиќ е закана за нашите граници, јас велам не, ние го третираме како оружје за масовно уништување. Дошол да игра тенис, разбирам дека го напаѓаат затоа што не бил вакциниран, но тој има документација што дозволува да игра“, рече Кирјос во подкастот „Без граници“, додавајќи:
„Сакам е.бено да го освои Австралија опен, а потоа да се шетам со маица на која пишува „Идемо“ и маска на Новак Ѓоковиќ. Тоа би било одлично“.