Роџер минатиот викенд на „Лејвер купот“ го одигра последниот меч во кариерата и тоа во двојка заедно со големиот ривал од Шпанија.
„Поразите од Ѓоковиќ повеќе нѐ болеа од тие од Рафа. Особено ни е во сеќавањето неуспехот во Лондон во 2019 година, кога Роџер имаше две меч-топки во финалето на ‘Вимблдон“ и тоа на негов сервис. Сите веќе ја видовме таа титула во неговите раце“, изјави Федерер сениор.
Тој исто така потсети на полуфиналните средби на „Ју-Ес опен“ во 2010 и 2011 година.
„Тешки моменти ни беа и во полуфиналињата во Њујорк во 2010 и 2011 година против Новак. Роџер и тогаш пропушти две шанси да ја доврши работата“, дополни Роберт.
Ѓоковиќ и Федерер одиграа 50 меѓусебни дуели со скор 27-23 во корист на српскиот тенисер.