Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во третото коло на Австралија Опен.
За неполни два часа беше подобар од домашниот тенисер Џон Милман со 3:0.
Беше 6:4, 6:4, 6:0 во сетовите.
Зверев имаше 14 асови, во споредба со ниту еден од Милман, но дури седум двојни грешки. Офанзивната игра на Германецот се одрази во 37 винери наспроти девет на противникот, но и во 38 неизнудени грешки, односно 22 повеќе од Милман.
Двајцата тенисери го отворија мечот со три брејка во низа, но Зверев одзеде уште еден, што беше доволно за првиот сет. Во средината на вториот сет освои еден брејк, за да го понижи противникот во последниот не дозволувајќи му да земе ниту еден гем.
Противник во следната рунда ќе му биде Молдавецот Раду Албот, кој го совлада Австралиецот Александар Вукиќ.