Во дуелот за пехарот, тој го совлада Феликс Оже-Алијасим со 2-1 по пресврт, но неговата работа и претходно беше олеснета поради повредите на големите фаворити. Прво го совлада Карлос Алкараз кој не беше во најдобра здравствена состојба, а потоа своите натпревари поради повреди ги откажаа Јаник Синер и Данил Медведев.
Сепак, тоа не го намалува успехот на Русинот кому му требаа безмалку три часа да го скрши отпорот на својот денешен противник. Оже-Алијасим водеше со 1-0 во сетови, во вториот сет се играше израмнето до 12. гем кога Рубљев ја искористи втората брејк-топка за израмнување на 1-1.
Во клучниот сет, Рубљев беше далеку подобар играч, имаше пет неискористени брејк-топки пред во 12. гем да го скрши отпорот на својот противник и да го освои пехарот.