Рома и Јувентус одиграа реми во дербито на 35. коло од Серија А, но таквиот исход повеќе му одговара на торинскиот тим.

Рома само со победа остануваше во игра за петтото место кое води во ЛШ бидејќи сега има три бода повеќе од шестопласираната Аталанта, но со два меча плус. Сепак, одлуката за тоа кој ќе оди во елитното натпреварување најверојатно ќе падне идната недела кога Рома гостува токму кај Аталанта.

 

 

Натпреварот понуди многу возбудувања и шанси на двете страни. Головите беа постигнати во првите 30 минути, поведе Рома преку Лукаку, а израмни Бремер по што на сцена стапија голманите на двете тима. Блескаа Свилар и Шчесни кои имаа неколку спектакуларни интервенции и спречија нивните мрежи да се тресат повеќе пати.

Пред крајот на мечот Свилар го одбрани ударот со глава на Мојс Кеан, а во судиското продолжение Шчесни не дозволи да биде совладан во ситуација „еден на еден“ со Ејбрахам.